Крими хроника

Тетовка го пријавила невенчаниот сопруг за полов напад врз двете ќерки

Тетовка го пријавила невенчаниот сопруг за полов напад врз двете ќерки

Како што соопшти полицијата, случајот завчера го пријавила Н.И. (46) од Тетово на која Б.И. и е невенчан сопруг.

Според Н.И., Б.И. во повеќе наврати ги повикувал нејзините две ќерки од претходните невенчани бракови и вршел полови дејства.

Пријавениот е лишен од слобода и му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.