Тетовка претепана од невенчаниот сопруг

Тетовка се здобила со видливи повреди на рацете и лицето откако била претепана од невенчаниот сопруг.

Педесет годишната З.Р. од тетовското село Лисец вчера попладне пријавила семејно насилство што претходно го извршил нејзиниот невенчан сопруг  А.И.(54) од Расадиште.

Половина час пред тоа додека З.Р. ги напасувала овците во атарот на селото Жеровјане, дошол сопругот и по кусата вербална расправија со неа и удрил неколку шлаканици. Кога се обидела да се одбрани со дрвениот стап и го грабнал од рацете и потоа повеќе пати ја удрил по главата и телото, од што набрзо загубила свест.

Мештани со возило ја пренеле во тетовската клиничка болница, укажана и е лекарска помош и констатирани се повеќе видливи повреди на рацете и лицето, кои се фотодокументирани.

Од СВР Тетово информираат дека нејзиниот невенчан сопруг А.И. е повикан на разговор и по целосното расчистување на случајот ќе се соочи со соодветен поднесок.