Тетово најзагаден град утрово во Македонија

Најзагаден град во Македонија утрово е Тетово. Мерните станици во осум часот регистрираа концетрација на ПМ10 честички од 262 микгрограми на метар кубен. Во текот на ноќта во овој град максималната концентрација изнесувала 546 микрограми, во 20 часот.

Во скопскиот регион најзагадено е во Лисиче со 145 микгрограми на метар кубен, потоа Центар со 121, Карпош со 112, Гази Баба со 108, кај Ректорат со 81, и Миладиновци 63.

Во Битола утрово во осум часот се измерени 161 микрограми, во Велес 73 и во Кичево 51 микрограми на метар кубен.