ВИДЕО: Во Тетово, Пешевски и Јолевски лично на терен ги надгледуваат и координираат активностите

Вицепремиерот Владимир Пешевски заедно со министерот за одбрана Зоран Јолевски, повторно ги посетија сите села во тетовско, кои беа погодени од поплавите, како Голема и Мала Речица, Порој и Шипковица.

Владините министри лично на терен меѓу граѓаните  ги надгледуваат и координираат активностите за справување со големата непогода.

Во Шипковица, во падините на Шара состојбата и денеска беше најкритична. Во ова село вчера животот го загубија четири лица, од кои три деца, по две лица екипите се уште трагаат.

Полициски и армиски кучиња го бараат затрупаното девојче во семејната куќа која е три метри под кал. pesevski-1500

– Имаме 50 војници кои се перманентно таму, кои работат од сабајле рано наутро па да касните вечерни часови. Во текот на утрешниот ден ќе продолжат со тие активности. Исто така ќе донесеме и дополнително куче трагач, со цел да ни помогнат што побрзо да го најдеме девојчето, рече министерот Јолевски.

Со месното население Јолевски и Пешевски правеа план како да делуваат во текот на ноќта, се бараше дополнителна механизација и луѓе за расчистување на теренот. Во Шипковица десеттина лица повредени од невремето се уште се на болчничко лекување, се прават напори да се расчисти целиот надојден материјал за да се добие пристрап до секое семејство.

pesevski-3500

– Првиот приоритет е да се ослободи инфратсруктурата, значи определени улици се блокирани, определени домови се блокирани, определени патни правци. Во моментов се наоѓаме на патниот правец Тетово- Јажинце кој што може да се види во позадина во еден помал дел колку е блокиран, а на од прилика 500 метри од нас наносите се 6 метри од тешки камења и ќе биде потребно тоа да се расчисти. Тоа е првиот приоритет, состојбата на мобилизација на сите наши ресусри веројатно ќе треба да потрае најмалку една недела за да дојде до некакво приближно нормализирање на сосотојбата, рече Пешевски.

Делегацијата одеше од село во село каде водата предизвика голема катастрофа. Во Голема и Мала речица се уште е алармантно, водата од падините не престанува да се слева со голема брзина.

pesevski-4500

– Сите ресурси кои државата ги има се ставени во фунција на надминување на кризата, но како и секогаш учевството на граѓаните е апсолутно неопходно и од она што можам да го видам на терен навистина се работи со огромен интензитет и волја и од државните институции, но и од граѓаните, рече вицепремиерот Пешевски.