Македонија

Тетово: Три лица осудени на затворски казни предадени на институциите

Тетово: Три лица осудени на затворски казни предадени на институциите

Три лица од Тетовско кои биле осудени на  затворски казни биле фатени од тетовската полиција во текот на вчерашниот ден и изминатата ноќ по што биле предадени за издржување на казните во соодветните установи, информираше денеска портапаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Со соодветна судска наредба, појасни тој, вчера околу 15 часот лишен од слобода е тетовецот Р.Х.(49) кој бил осуден за една и пол година затвор за „измама“ и „лажно претставување“. По приведувањето и задржувањето предаден е на издржување на казната во КПУ „Идризово“ во Скопје.

Со судски наредби лишени од слобода се и А.А.(28) од Шемшово и Б.А.(34) од Тетово, осудени на по една година затвор за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотичка дрога, психотропни супстаниции и прекурсори“.

– И двајцата се предадени на издржување на казната во КПУ„Идризово“ и КПУ „Тетово“ рече Јосифовски.