Тетово и утрово е најзагаден град

Воздухот во Скопје, Битола, Кичево и Тетово и утрово е загаден, иако концентрациите на ПМ10 чекстичките се пониски од оние во текот на ноќта.

Мерните станици утрово измерија концентрации на ПМ10 честичките од 190 микрограми во Тетово, 106 во Битола, 83 во Кичево, Центар 75, Карпош 69, Гази Баба 60 и Лисиче 57 и ректорат 46 микрограми.

Во текот на ноќта најзагадено било во Тетово со измерени 798 микрограми, во Лисиче 559, Центар 384, Карпош 350, Битола  304, Кичево 283, Гази Баба 273 и кај Ректорат 202 микрограми на метар кубен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.