Крими хроника

Teтовски криминалец им избегал на полицијата

Teтовски криминалец им избегал на полицијата

Вчеравечер во 21.20 часот, по претходно добиена информација за лицето Н.М. (33) од Тетово кој се бара за издржување на казна затвор во траење од седум месеци, полициски службеници отишле на ул. „Киро Ристовски Дрнц“ каде затекнале паркирано возило „форд фокус“  без регистарски таблици, во кое на совозачкото седиште во легната положба бил Н.М.

Кога ги забележал полициските службеници ги заклучил вратите и се префрлил на возачкото седиште, по што го стартувал возилото. Најпрво тргнал наназад, а потоа тргнал нанапред  и  поминал веднаш покрај службеното возило, како и покрај едниот полициски службеник.

Со цел да го спречи во намерата да побегне едниот од полициските службеници од службениот пиштол испукал три куршуми во воздух. Но, и покрај тоа Н.М. со возилото успеал да побегне во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.