Тетовско семејство остана без вредениот накит

Златен накит вреден неколку десетици илјади евра е украден минатата ноќ од домот на тетовец, информира денеска полицијата.

Вештиот арамија, велат од полицијата, успеал да провали во домот на Т.М. (40) на улицата Штипска и откако ја пребарал куќата го зел со себе накитот чија вредност е проценета на 30.000 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.