Тевез: Ако не играм во Бразил, ќе уживам на море

Аргентинскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Карлос Тевез, откри дека нема биде тажен доколку не добие покана за настап со својата репрезентација на престојниот Мундијал во Бразил.

Бомбардерот на „старата дама” го нема облечено репрезентативниот дрес на Аргентина од 2011 година или поточно откако за нов селектор беше именуван Алехандро Сабела.

„Се’ што треба да направам, го правам на зелениот терен. Јас имам за задача да постигнувам погодоци, а Сабела треба да одлучи, да каже дали јас ќе бидам дел од престојниот Мундијал во Бразил или нема да бидам. Јас не сум тој кој треба да ја подигне телефонската слушалка и јас не сум тој кој треба да убедува, да испрати покана. Ако не добијам покана за настап, тогаш заедно со мојата фамилија ќе уживаме на море, на некоја прекрасна плажа”, изјави Тевез кој има постигнато 18 погодоци во актуелната сезона од италијанската Серија А.