Спорт

Тевез од дома ќе го следи Мундијалот во Бразил

Тевез од дома ќе го следи Мундијалот во Бразил

Како и што се очекуваше, селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Алехандро Сабела го објави поширокиот список со 30 фудбалери кои ќе се појават на стартот од подготовките за престојниот Мундијал во Бразил, но таква покана не доби напаѓачот на старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Карлос Тевез.

Ваквата информација не претставува никакво изненадување затоа што од поодамна се знае дека Тевез многу не сме мириса со актуелниот предводник на “гаучосите”.

Убедливо најголема ѕвезда во поширокиот список е фудбалерот на каталонскиот гигант Барселона, Лионел Меси кој сигурно ќе добие голема помош од напаѓачкото трио Лавеци-Игуаин, Агуеро.

Список со фудбалери: ГОЛМАНИ: Серхио Ромеро, Маријано Андухар, Агустин Ориону. ОДБРАНА: Езекиел Гарај, Федерико Фернандез, Пабло Забалета, Маркос Ројо, Хозе Марија Басанта, Хуго Кампањаро, Николас Отаменди, Мартин Демикелис, Габриел Меркадо, Лисандро Лопез. СРЕДЕН РЕД: Фернандо Гаго, Лукас Билја, Хавиер Маскерано, Евер Банега, Анхел ди Марија, Макси Родригез, Рикардо Алварез, Аугусто Фернандез, Енцо Перез, Хозе Соса, Фабијан Ринаудо. НАПАД: Серхио Агуеро, Лионел Меси, Гонзало Игуаин, Езекиел Лавеци, Родриго Паласио, Франко ди Санто.