Спорт

Тевез отпишан за да има мир во репрезентацијата

Тевез отпишан за да има мир во репрезентацијата

Претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина, Хулио Грондона се обиде да објасни зошто бомбардерот на старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Карло Тевез не добил покана да настапи за својата држава на престојниот Мундијал во Бразил.

„Тимот како целина е секогаш на прво место. Не е точно дека некој има нешто против Тевез. Има неколку фудбалери кои се во конкуренција за една позиција. Кога имаме таква ситуација, не е добро на едно место да има повеќе фудбалери. Ако се сите во комбинација за игра, тогаш селекторот има еден голем проблем, не знае со кој фудбалер да го започне натпреварот. Тука настанува тој проблем. Сме биле сведоци на една таква ситуација и не сакаме истата да ни се повтори и во Бразил”, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина, Хулио Грондона.