Тежера: Однесувањето на опозицијата е неприфатливо

Однесувањето на опозицијата е неприфатливо и не е во согласност со демократските стандарди, смета Аркадио Дијаз Тежера, потпретседател на Социјалистичката група во ПС на Советот на Европа.

Тежера кој е еден од највлијателните социјалисти во ПС на Совет на Европа, политичар со долгогодишно искуство и поранешен судија во највисоките судски инстанци во Шпанија смета дека судската власт во Македонија треба да одговори брзо на овој начин на однесување.

-Вчера добивме извештај за електронско масовно надгледување. Тоа е нелегално однесување и криминал не само кон човештвото, туку и целиот демократски систем, затоа што во парламентарната демократија важи правилото за човекови права. Јас мислам дека судството треба брзо и ефикасно да реагира на ваквото однесување. Тоа не е најдобар начин за да се изгради демократија во вашата земја, смета искусниот политичар Тежера.

Тој додава дека ова е лоша ситуација за Македонија, не само за демократскиот систем туку за општите интереси на населението.

-Мислам дека ако еден член на парламентот не работи во парламентот, не е лојален на неговата улога и кон народот. Главната улога на членовите на Парламентот е да го одобри годишниот буџет и да го контролира, да учествува во изградба на демократски и парламентарен систем. Според мене, најдобрите пратеници треба да учествуваат во Парламентот за поставување на прашања и вршење разни истражувања, тоа е најдобриот начин за изградба на демократски систем во државата, истакнува Тежера.

Многубројните со пратеници од земји членки на парламентраното собрание на Советот на Европа, овие денови оствари Александар Николоски кој е шеф на македонската делегација во ПССЕ, кои како што вели тој, јасно  потврдиле дека политичката ситуација во Македонија е дел од нивниот интерес и затоа се залагаат а две решенија, право и политичко.

-Во делот на политичкото решение сметаат дека е потребен дијалог и вараќање на опозициската СДСМ во Собранието, како би можеле сите прашања да се отворат и да се разрешат во рамки на регуларниот политички систем во Македонија.Во однос на правниот дел порака е јасна, вклучително и на видни пратеници кои се поранешни правници, на пратеници кои припаѓаат и на европската народна партија и на социјалистичката партија, а тоа е дека мора да има судска разрешница во која ите оние кои направиле кривично дело ќе сносат одговорност за тоа, согласно позитивните законски решенија, вели Николовски.

Тој додва дека судската разрешница треба да е транспарентна, отворена, да е независна и да е согласно највисоките европски стандарди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.