Колку навистина „тежи“ британската кралица?

Колку навистина „тежи“ британската кралица? И покрај приказните за пропаста и падот на кралицата Елизабета на списокот на најбогати луѓе, британската монархија, денес монрахот што најдолго владее со Британија, ќе стане најбогата во историјата.

Ројтерс објави анализа на имотот на монархијата, која покажува дека таа го зголемила своето богатство во изминатите неколку децении благодарение на растот на цената на недижностите и земјиштето.  На прашањето колку навистина „тежи“ британската кралица, одговорот е околу 22,8 милијарди фунти (34, 8 милијарди долари).

Сепак таа цифра не е доволна за британската монархија да се најде на едно од првите 10 места на глобалната листа на „Форбс“ на најбогати луѓе, која ја предводи Бил Гејтсм но сепак е доволна за да се најде помеѓу првите 20 заедно со агенцијата „Блумберг“ или основачот на Фејсбук Марк Цукерберг.

Колку навистина „тежи“ британската кралица?
Колку навистина „тежи“ британската кралица?

Сепак процената на монархијата е комплицирана, затоа што дел од имотот е во приватна сопственост, дел во сопственост на компанијата за недвижности на нејзиното височество, а дел во сопственост на државата, кој е само под управување на монархот за време на неговото владеење.

Бакингамската палата наведува дека компанијата за недвижности на нејзиното височество, Краун Естејт кој инвестира и управува со имотите на монархијата и чијшто капитал се проценува на 11, 5 милијарди фунти не и припаѓа на кралицата.

Други најважни извори на кралското богатство се војводствата Ланкастер и Корнивал, чијшто имот се проценува на 1, 3 милијарди фунти.