Тежок момент: На Кројф му е дијагностициран канцер

На Кројф му е дијагностицирана тешка болест

Кројф утринава заминал на рутински лекарски преглед, каде му е дијагностицирана тешка болест, по што тој веднаш е хоспитализиран.

Во периодот што следи ќе му бидат направени дополнителни прегледи и тестови, по што ќе почне борбата со цел болеста да не се прошири.

Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, кој трипати ја освојуваше “Златната топка”, избран е во најдобриот тим на Светските првенства, со Барселона и како играч и како тренер освојуваше титули, а со репрезентацијата на Холандија го освои второто место на мундијалот во 1974 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.