Македонија,Политика

Лондонски Економист: ВМРО ДПМНЕ ќе победи на изборите

Лондонски Економист: ВМРО ДПМНЕ ќе победи на изборите

Влијателниот лондонски весник Економист предвидува победа на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори и заклучува дека успешните политiки ќе продoлжат.
Во својата анализа за состојбите во Македонија, влијателниот британски весник „Економист“ објавува дека и по овие избори во Македонија нема да дојде до промена на политичката сцена. Во воведот на анализата се вели дека владеjачката коалиција на ВМРО ДПМНЕ останува популарна и се очекува сигурно да остане на власт.

„Владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ останува релативно популарна и се очекува да остане на власт“, пишува угледниот весник, кој заклучува дека ВМРО-ДПМНЕ е силен, а СДСМ слаб, а идната влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ со една од албанските парти.

Во однос на другите прашања, Економист коментира дека долгогодишниот спор за името и односите со Бугарија остануваат главни предуслови за земјата да стане дел од НАТО и ЕУ, додека меѓуетничките односи остануваат проблематични.

„По позитивниот раст во 2013 година ќе дојде до уште посилен раст во периодот од 2014 до 2018 година. Направените реформи треба да овозможат посилен раст на директни странски инвестиции“, се вели во анализата на влијателниот британски весник.