„Ти ли му ја даде душата, за да му ја земеш? “

Бурна и емотивна беше реакцијата на мајката на починатиот матурант Ангел Петковски при гледањето на снимките од очната болница во Ѓорче Петров кои го регистрирале моментот кога тој веќе повреден се струполува пред влезот на болницата.

– Ти ли му ја даде душата, за да му ја земеш? – во плач му се обрати мајката на Ангел на обвинетиот, пренесува Телеграф.

Таткото, кој на кобниот ден 19-ти мај минатата година, беше заедно со Ангел и веќе ги преживеал овие моменти не сакаше да седи во судницата на денешното рочиште на кое беа прегледувани снимките од четирите камери на болницата.

Камерите сепак го немаат регистрирано клучниот момент – моментот на убиството.

Целиот настан во кој учествуваат Ангел, обвинетиот Насер Ештрефи и таткото Сашо, кој се случил на насипот на Вардар траел само 30-ина секунди, констатираа и обвинителството и одбраната, пренесува порталот.

Хронолошки, прво Ангел и неговиот татко го паркираат автомобилот и заминуваат кон насипот каде што подоцна го среќаваат и обвинетиот за убиството.

Целата строрија прочитајте ја на ТЕЛЕГРАФ.МК