Бразил2014

Тиаго Силва дефинитивно не игра против Германија

Тиаго Силва дефинитивно не игра против Германија

Дисциплинската комисија на ФИФА ја одби жалбата на Фудбалската федерација на Бразил која побара да се укине суспензијата од еден натпревар која ја доби капитенот на “кариоките”, Тиаго Силва поради правилото на парни жолти картони.

Централниот дефанзивец заработи наивен жолт картон на дуелот против репрезентацијата на Колумбија и поради истиот нема да биде во можност да и помогне на својата репрезентација во денешниот полуфинален дуел против големиот фаворит за светската титула, селекцијата на Германија.

Бразилците сметаа дека Тијаго Силва неоправдано добил жолт картон на мечот со Колумбија, кога се обиде да го попречи голманот на оваа селекција, Давид Оспина. Бразилската фудбалска конфедерација таквиот потег на Силва го оцени како “специјална околноср”, меѓутоа Дициплинската комисија на ФИФА категорично го одби нивното барање.