Тиаго Силва ја посака Барселона за противник во ЛШ

Капитенот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Тиаго Силва, откри дека го сака каталонскиот гигант Барселона за противник во 1/4 финалната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Репрезентативецот на Бразил додаде дека сака да му се одмазди на актуелниот шампион на Шпанија за минатогодинешната елиминација во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони.

„Искрено, сакав да играме против мојот поранешен клуб Милан, но за жал, Милан е елиминиран. ПСЖ е посилен во споредба со изминатата сезона, но кого и да добиеме за противник во следната рунда, фудбалските фанови ќе бидат сведоци на неизвесен натпревар. Мислам дека ќе бидеме пофокусирани, посконцентрирани ако играме против поголем клуб. Нема да се жалам ако ја добиеме Барселона за противник. Така ќе добиеме шанса за реванш. Да се надеваме дека оваа година конечниот резултат ќе биде во наша корист,“ изјави централниот дефанзивец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.