Тиаго Силва му подари еден бод на Монако

По еден гол во двете мрежи видоа фановите кои решија во живо да го следат долго очекуваниот дерби натпревар од 24. коло во француската Прва лига, дерби пресметката помеѓу директните ривали за шампионската титула, Монако и ПСЖ.

ПСЖ дојде во водство со погодокот на аргентинскиот интернационалец, Хавиер Пасторе, а финишот од натпреварот, прекрасен автогол постигна капитенот на “светците”, бразилскиот интернационалец, Тиаго Силва.

Фудбалерите на Олимпик од Лион ја оправдаа фаворитската улога и сосема заслужено со минимални 2:1 славеа на незгодното гостување во Нант.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.