Tибеќанка се замозапали поради против репресивната политика на Кина

Тибеќанка, мајка на две деца, се самозапали во знак на протест против репресивната политика на кинеските власти, објави една тибетска организација со седиште во странствo, објави МИА.

Сангуе Тсо (30) изврши самозапалување пред една владина зграда во градот Жуни, во провинцијата Гангсу, објави невладината организација „Интернешанл Кампејн фор Тибет“.

Радиото „Фри Ејжа“ објави дека тибеќанката се самозапалила пред полициска станица.

Од 2009 година досега во знак на протест се самозапалија најмалку 140 жители на Тибет. Голем број Тибеќани се противат на растечката доминација на народот Хан, кој е мнозински во Кина и задушувањето на тибетската религија и култура