Спорт

Тибо Куртоа ќе биде награден со нов договор

Тибо Куртоа ќе биде награден со нов договор

Голманот на Челзи Тибо Куртоа ќе потпише нов петгодишен договор со лондонскиот тим, откако е потврден неговиот статус на прв чувар на мрежата.

На Белгиецот му беше понуден петгодишен договор, според кој ќе заработува 110.000 фунти неделно, уште кога се врати од позајмица од Атлетико Мадрид, но тој не сакаше да го стави својот потпис се додека не се осигура дали тој или Петр Чех ќе биде првиот избор на Жозе Мурињо.

Меѓутоа, сите дилеми беа решени на првиот меч од новата сезона во Премиер лигата против Барнли на кој Куртоа доби шанса пред ветеранот Петр Чех.

Поради тоа Белгиецот одлучил да го потпише новиот договор според кој ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ до 2019-та година.

Според досегашниот договор Куртоа имаше неделна плата од 37.000 фунти.