Тие му помогнале, тој им се заканувал со нож

Пијан скопјанец ноќеска наместо да им се заблагодари на луѓето кои му помогнале и го однеле дома, тој зел нож и им се заканувал дека ќе ги убие, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил околу 1,30 часот кога во зградата на булеварот АВНОС додека Д.М. (34), Н.Г. (26) и В.Д. (32) разговарале пијан дошол А.Г. (28) и почнал да се расправа со нив.

Бидејќи сите го познавале, тројцата го однеле до неговиот стан, но кога стигнале таму А.Г. зел нож од кујната им почнал да им се заканува. Тројцата пријатели побегнале од станот, а случајот го пријавиле во полиција.