Тигарот човекојадец во Индија уби деветта жртва

Бенгалскиот тигар кој ловците веќе со недели се обидуваат да го убијат на северот на Индија, усмрти и деветта жртва.

Жртвата исчезнала вчера, а остатоците на телото на еден селанец биле пронајдени во шумата.

Претходно, тигарот усмртил осум лица во шумата во државата Утар Прадеш и веќе извесно време се трага за храна во таа област, со површина околку 130 км на квадратни.

Медиумите наведуваат дека првиот напад е забележан на 29 декември, кога 65 годишен маж го загубил животот во областа Самбал.

Властите ангажираа шесторица ловци за да го убијат тигарот кој се претворил во човекојадец.

Нападите на тигрите врз луѓето се ретки, но во потрага за храна ги напаѓаат и оние кои живеат во нивна близина.