„Тигрите“ во потрага по изгубен пар на Водно

Скопјанец вчера околу 19 часот пријавил дека со неговата вереница се изгубиле додека се шетале на падините на Водно.

Тој објаснил дека ја гледаат браната Матка и побарале помош бидејќи биле изгубени.

Од полицијата информираат дека веднаш бил испратен алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи  кои извршиле пребарување на теренот од потегот Милениумски крст-Водно кон локалитетот Матка. „Тигри“ стапиле во телефонски контакт со лицето од Скопје, истиот ја опишал и неговата околина по што со давање на светлосен сигнал бил воспоставен и визуелен контакт. Напорите за пронаоѓање на лицата и беа успешни при што истите беа лоцирани околу 01.15 минути во добра општа состојба во близина на манастирот Св. Никола Шишевски, информираат од полицијата.

Изгубениот пар безбедно бил спуштен до пешачката патека до мостот на кајакарскиот дом „Матка” од каде со возило биле префрлени до нивните домови.