„Тигрите“ заминуваат на помош во поплавената Србија

Припадници на Единицата за специјални намени „Тигар“ обучени за спасување и помош во кризни ситуации денеска ќе замине во поплавените подрачја во Србија.

Македонија понуди помош во хеликоптер, електрична енергија, лекови и друго што е потребно за населението во Србија и Босна и Херцеговина, кои деновиве се зафатени од поплави.

Србија од Македонија во наредните денови ќе добие и електрична енергија во висина од 80 мегавати секој час.

Во Србија АРМ испрати обучен персонал со материјално-технички средства и опрема наменети за помош во вакви прилики. Кон Босна и Херцеговина од АРМ се испратени 3.000 ќебиња кои заедно со останатата хуманитарна  помош од Македонија се на пат кон поплавените региони во оваа држава.

Црвениот крст, како и повеќе општини организираат хуманитарни акции за помош на Србија, додека Агенцијата за електронски комуникации отвори посебни телефонски броеви на кои може да се донира за помош за пополавените подрачја.