Тихоокеанскиот брег кај Панама погоден од силен земјотрес

Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтерова скала вчеравечер бил регистриран кај тихоокеанскиот брег во близина на Панама.

Потресот се случил во 23 часот по локално време, а епицентарот се наоѓал на 245 километри јужно од крајбрежниот град Пунта де Бурика, во близина на границата со Костарика.

Информации за евентуални човечки жртви или пак причинета материјална штета засега нема.