Тијана: Благодарение на сопругот ослабев девет килограми

Нашата пејачка Тијана Дапчевиќ, која исто така беше и наша претставничка на изборот за Евровизија, за српскиот магазин Хело.рс ги открива тајните за нејзиниот изглед.

Меѓу другото таа открива дека имало период и кога не била толку задоволна со нејзиниот изглед.

Иако никогаш не сум имала проблеми со вишокот килограми, во бременоста се здебелив дури 45 килограми, па во еден момент имав дури сто и петнаесетина килограми. Тоа беше приодот кога апсолутно не бев задоволна со сопствениот изглед, а проблемот го решив постепено, открива таа.

Како што вели, во тој период почнала помалку да јаде, да вежба и побарала совет од доктроката Јана Батсиалоу кај која почнала да оди на мезотерапија.

Кога почнав да ги користам нејзините препарати килограмите полека се топеа, а јас научив дека во се треба да се биде умерен, вели Тијана

.

На прашањето како вишокот на килограми влијаел на нејзината самодоверба, Тијана ќе рече:

Кога сте незадоволни кога ќе се погледнете во огледалото, тогаш сте постојано лути и нервозни и се ви пречи, а проблемот всушност е во вас. Меѓутоа за се постои решение и доколку сакате, сето тоа може да се среди.

Тијана открива дека и поддршката од сопругот Милан во тој момент била од пресудно значење.

Тој во тој период ми беше огромна потпора. А и неодамна благодарение на него ослабев дури девет килограми. Заправо, тој почна да држи диета и ослабе дури 15 килограми, но планира да ослаби уште толку, а мене ми даде мотив и самата да се позанимавам со сопствениот вишок. Така во нашиот дом во последните недели се јаде само нискокалорична храна, освен што нашиот син Вук се храни во согласност со неговите години, вели таа.