Тијана се огласи: За моите проблеми не разговарам ниту со мајка ми

За моите проблеми не разговарам ниту со мајка ми. По веста дека Тијана се разведува од сопругот, објавена во српските медиуми, пејачката се огласи со свој коментар.

Тоа е моја работа за која разговарав само со сестра ми Тамара. Дури ниту мајка ми незнае што се случува. Не сакам да говорам за тоа низ што поминувам, изјавила Тијана за магазинот „Hello. rs“.

Инаку, во текот на изминатите денови истиот магазин ја објави веста дека пејачката по 15 години брак се разведува од сопругот, кошаркарот Милан Дапчевиќ.

Тијана со сопругот Милан
Тијана со сопругот Милан

Низ српските медиуми се појавија фотографии на кои се гледа како Тијана се сели од семејниот дом, со што, според „жолтиот печат“ и неофицијално се потврдуваат гласините дека таа навистина се разведува од сопругот.

Весникот „Ало“ пренесува дека во бракот на пејачката и нејзиниот сопруг, работите не функционирале веќе подолго време и дека тие поминувале низ емотивна криза.

Тијана и Милан го имаат шестгодишниот син Вук кој од оваа есен ќе тргне на училиште. Тијана  за медиумите пред извесен период изјави дека дури и размислувала да остане бремена, но се откажала од идејата за да го спаси бракот.

Според српски „Пулс“, Тијана наводно му кажала на сопругот дека мора да се промени од корен, инаку нвистина ќе биде крај, а тој тоа не го направил.

Пред неколку месеци, Тијана ги „подгреја“ гласините за тоа дека нешто не чини во нејзиниот брак, кога на свадбата на нејзината сестра Тамара се појави без сопругот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.