Магазин

Тијана: Не размислував сериозно за развод

Тијана: Не размислував сериозно за развод

Не размислував сериозно за развод и знаев дека нема да дојде до тоа. Ова не е наша прва криза, ги имало уште многу, но дај Боже да биде последна. Вака ги коментира Тијана пишувањата во медиумите за наводниот развод, за српскиот магазин „Хело“.

Наместо по бројните работни ангажмани, пејачката во последните неколку месеци беше актуелна во медиумите поради наводниот развод. Сепак, како што истакнува Тијана во интервју за магазинот „Хело“, таа и нејзиниот сопруг Милан успејале да ја надминат кризата и сега повторно имаат добар однос.

Ниту еден брак не е идеален, како што ништо на овој свет не е идеално, па така е и со нашиот брак. Секогаш има проблеми, но ние се сакаме и затоа успеваме да ги надминеме сите предизвици. Љубовта е нешто најубаво и највредно што ги врзува партнерите. И двајцата сме подготвени на компромис кога ќе дојде до несогласувања и токму поради тоа веќе 15 години сме во брак. Не размислував сериозно за развод и знаев дека нема да дојде до тоа. Ова не е наша прва криза, ги имало уште многу, но дај Боже да биде последна. Многу се пишуваше за тоа и воглавно тоа беа сензационалистички приказни кои немаа голема поврзаност со вистината, но не обрнував внимание, затоа што како што вели народната: „Секое чудо за три дена“, вели таа.

Тијана нагласува дека љубовта е главната причина поради која таа и Милан ја чуваат нивната заедница.

Јас сум дете на разведени родители, но далеку од тоа дека тоа е причината поради која ми е важно да го сочувам бракот. Милан и јас сме заедно прво поради љубовта, а потоа поради нашиот син Вук.

Тијана во последните месеци го подготвува својот нов албум „Паранемија“, а неговата прва песна излезе во текот на летото.

Моментално работам во студио и многу ми е важно да бидам задоволна од секој детал. Албумот ќе излезе наскоро, а снимив и дует со групата „Фрајле“. Чекавме девојките да се вратат од одмор, па да снимиме спот. Тоа ќе го направиме наскоро и тогаш ќе ја претставиме новата песна пред публиката.