Тиква: здрава, нискокалорична и вкусна

Тиквата или „кралица на есента” е позната како симбол за долговечност. Тиквата има високо ниво на антиоксиданси и каротен. Богата е со пектини, шеќери, витамини, особено со витамин Ц и Е. Со своите лековити својства, идеална е во борба против срцеви заболувања, ризикот од рак, катаракта и мозочен удар. Исто така, корисните својства на тиквата помагаат да се спречат состојби како воспаленија, камен во бубрег, депресија, кожни проблеми и паразитни инфекции. Лидер е по содржина на железо кое е важно за крвта, калиум кој е важен за функцијата на срцето, фосфор и калциум кои влијаат врз коските и забите и манган кој ја чува кожата.Освен тоа, тиквата изобилува со прехранбени влакна кои лесно се усвојуваат од страна на организмот. Исто така, тиквата е малку калорична, што ја прави примамлива за јадење за секој, дури и за оние кои постојано се на некоја диета.

Тиквата потекнува од Централна Америка, а својот назив го добила од странски израз за празен сад, затоа што некои видови тикви имаат таква намена. Тиквата е уникатно клубенесто овошје.

Тиквите се едногодишни растенија од фамилијата Cucurbitaceae, а може да достигнат гигантски димензии од 60 па и повеќе килограми. Се одгледуваат на отворено. Тие се топлољубиви, оптималната температура за нивен интензивен раст и развој е 25-30 степени целзиусови.Тиквата како продукт во исхраната, се употребувала уште во далечното минато. Археолошките истражувања укажуваат дека тиквата се употребувала уште пред 3000 години, а можеби и 5000 години. Семки од тиква се најдени во гробниците на перуанските Индијанци, а жителите на древна Грција и Рим во исушена тиква чувале разни течности. Диви тикви биле најдени во северна Африка и се претпоставува дека и на тоа подрачје виреела тиквата од каде и се раширила по цел свет.

И секако, нам тиквата не асоцира на зима, на мириз на цимет и топла домашна атмосфера.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.