петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 55

Тиква – извор на здравје, нискокалорично и вкусно

Богата е со пектини, шеќери, витамини, особено со витамин Ц и Е. Со своите лековити својства, идеална е во борба против срцеви заболувања, ризикот од рак, катаракта и мозочен удар.

Тиква - извор на здравје, нискокалорично и вкусно

Тиква - извор на здравје, нискокалорично и вкусно

Поврзани вести

Тиквата е позната како симбол за долговечност. Тиквата има високо ниво на антиоксиданси и каротен. Богата е со пектини, шеќери, витамини, особено со витамин Ц и Е. Со своите лековити својства, идеална е во борба против срцеви заболувања, ризикот од рак, катаракта и мозочен удар.

Исто така, корисните својства на тиквата помагаат да се спречат состојби како воспаленија, камен во бубрег, депресија, кожни проблеми и паразитни инфекции. Лидер е по содржина на железо кое е важно за крвта, калиум кој е важен за функцијата на срцето, фосфор и калциум кои влијаат врз коските и забите и манган кој ја чува кожата.

Освен тоа, тиквата изобилува со прехранбени влакна кои лесно се усвојуваат од страна на организмот. Исто така, тиквата е малку калорична, што ја прави примамлива за јадење за секој, дури и за оние кои постојано се на некоја диета.

Тиквата потекнува од Централна Америка, а својот назив го добила од странски израз за празен сад, затоа што некои видови тикви имаат таква намена.

Печена тиква со прелив од мед

pecena-tikva-so-preliv-od-med-naslovna-1140x760

Состојки:

  • 2 лажици мед
  • 1 лажица сок од цеден портокал
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1,5 кг тиква

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени и обложете го плехот со хартија за печење.

Во еден сад измешајте го медот, сокот и маслото. Исечете ја тиквата на парчиња, излупете ја и исчистете ја од семките.

Намачкајте ја со подготвената смеса и печете околу 40 минути додека тиквата не омекне.

 

 

Најчитани вести