понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 43

„Тиквеш“ откупи 25 милиони грозје и истото го исплати во законскиот рок

Винарската визба „Тиквеш“ откупи 25 милиони килограми грозје од последната берба и во законски определениот рок исплати 371 милион денари.

grozje

Поврзани вести

Винарската визба „Тиквеш“ откупи 25 милиони килограми грозје од последната берба и во законски определениот рок исплати 371 милион денари.

Минатата година откупивме рекордни 25 милиони килограми по цени над пазарните, бидејќи откупуваме исклучиво високо квалитетно грозје и исплаќаме дополнителни бонуси за екстра квалитет. За нас почитувањето на договорените обврски, особено законската регулатива во овој домен, е императив и затоа со крајни напори успеавме да ги подмириме обврските, иако виното од бербата 2015-та допрва се пласира на домашниот и светските пазари, изјави генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски.

Од компанијата посочуваат дека нивна долгорочна стратешка цел е добрата соработка со лозарите, во насока на постигнување и одржување на високиот квалитет на грозјето, како предуслов за производство на врвно вино.

Во таа насока, винарницата, долгорочно ќе продолжи да го поддржува производството на грозје со висок квалитет со цел да ја оствари својата заложба за производство на висококвалитетно флаширано вино од Македонија и негова светска промоција.

Најчитани вести