петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 0

Тиквички со миризливи зачини и сос од јогурт

Ако и вие со душа го чекавте летото за вкусни јадења со тиквички еве еден несекојдневен рецепт со овој летен зеленчук без кој трпезата во најтоплиот период од годината едноставно неможе да пројде.

tikvicki-sos

Поврзани вести

Ако и вие со душа го чекавте летото за вкусни јадења со тиквички еве еден несекојдневен рецепт  со овој летен зеленчук без кој трпезата во најтоплиот период од годината едноставно неможе да пројде.

Проследете како да подготвите вкусни тиквички со миризливи зачини и сос од јогурт за семејството.

Состојки:

За тиквички:

  • 2 зелени тиквички,
  • 1 млад компир
  • Половина црвен кромид
  • 2 лажички сол
  • 2 јајца
  • 1 чешне лук
  • ½ лажичка мелен кумин
  •  3 лажици лист од магодонос
  • 2 лажици нане и бибер
  • 0.3  филџанче пченично брашно, бело
  • ½ лажичка прашок за печиво
  • ½ филџан растително масло

Сос од јогурт

  • ½ филџан јогурт (малсеност 3,2)
  •  2 лажици нане
  • 2 лажици сок од лимон
  •  2 лажици малсиново масло
  • 1 лажичка багремов мед
  • 1 чешне лук
  • Сол, бибер

Подготовка:

За подготовка на сосот промешјате го јогуртот, исечканото нане, сокот од лимон, маслото, медот и ситно исечканиот лук во помал сад. Зачинете со сол и со бибер, покријте го и ставете го во ладилн ик до сервирањето.

Крупно изрендајте ги тиквичките, компирот и кромидот.

Смесата ставете ја во цедалка и ставете две лажички сол. Оставете зеленчукот да се исцеди околу 30-40 минути.

Промешајте ги јајцата со ситно исечканиот лук, куминот, 3 лажици ситно исечкан магдонос и 2 лажици ситно исечкано нане и зачинете со сол и со бибер.

Земете половина од смесата со тиквички и завиткајте ја во хартиен бришач и истиснете го вишокот течност. Зеленчукот додадете го во смесата со јајца и повторете ја постапката со остатокот зеленчук.

Откако ќе го додадете зеленчукот, додадете брашно и прашок за печиво и внимателно промешајте.

Загрејте го растителното масло во поголема тава.

Земете поголема лажица од смесата, сплескајте ја со помош на шпатука и пржете во масло додека не стане со златно кафена боја и крцкава, околу 3 минути од двете страни.

Готовите тиквички ставете ги на хартиен бришач и посолете.

Тиквичките се служат оладени, а во сосот од јогурт пред сервирањето треба да додадете малку маслиново масло.

Најчитани вести