Тилерсон: Администрацијата на Трамп нема да ги наметнува американските вредност на други земји

(© EPA/MICHAEL REYNOLDS)

Новата американска администрација предводена од претседателот Доналд Трамп нема намера да ги наметнува американските вредности на други земји, изјавил на отворениот состанок со своите соработници државниот секретар Рекс Тилерсон.

Од гледна точка на Тилерсон, САД не можат „да ги постигнат целите во сферата на националната безбедност“ или да ги осигураат своите интереси доколку во дијалогот со странските партнери бидат „поставувани услови“ за прифаќање на американските вредности.

„Доколки вршиме премногу притисок за тоа дека другите мора да ги прифатата тие вредности, кон коишто ние минувавме низ долгиот период од сопсвента историја, тоа всушност ќе создаде пречки за сособноста да ги унапрдиме нашите интереси во сферата на националната безбедност, нашите економски интереси“, смета државниот секретар.

Тилерсон истакнал дека „е исклучително важно да се разбере разликата меѓу политиката и вредностите“. Во одредени случаи САД навистина ќе треба да го постават условот за политичка соработка со странските партнери прифаќајќи ги од нив прифатените системи на вредности, смета шефот на американската дипломатија. „Ние мора да го бараме тоа. Но тоа не значи дека тоа ќе биде случај во секоја ситуација“, истакнал државниот секретар на САД.

Тилерсон на споменатиот состанок тврдел дека во основата на надворешната политика на актуеланта американска влада во секој случај ќе бидат американските „фундаметнални вредности“ кои се днесуваат на слободите и човековите права. „Но тоа се наши вредности, тоа е не е нашата политика“, укажал Тилерсон.

Според него, важно е да се рзбере дека „политикта може да се менува“. „Таа се менува, таа мора да се менува. Сепак, нашите вредности не се менуваат“, додал државниот секретар САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.