Тилерсон го обвини Иран за провокации додека Вашингтон ја ревидира својата политика

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон го обвини Иран за „алармантни провокации“ чијашто цел да се дестабилизираат земјите на Блискиот исток во моментите кога новатата администрација во Вашингтон ги разгледува можностите за промена на американската политика кон Техеран.

Ревизиите на политиката на САД кон Иран, коишто ги наведе во вторникот, според американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, нема да се разгледува дали Техеран го почитува договорот од 2015 година со шесте светски сили за ограничувањето на иранската нуклеарна програма, туку и иранското однесување во регионот, за што тврди дека им штети на американските интереси во Сирија, Ирак, Јемен и Либан.

Острата изјава на Тилерсон се совпаѓа со изјавите на американскиот министер за одбрана Џим Матис, кој во текот на својата посета на Саудиска Арабија во средата изјави дека иранското дестабилизирачко влијание ќе мора да биде надвладеано за да се прекине судирот во Јемен.

Претседателот Трамп побарал да се направи процени дали укинувањето на санкциитте е поврзано со нуклеарниот договор би било „клучно со националните интереси на САД“, рекол Тилерсон.

Иако нема сигнали дека администрацијата на Трамп би можела да се откаже од договорот, Тилерсон веќе двапати предупредува дека Иран, доколку не биде ставен под надзор, би можел да стане закана слична на онаа којашто ја претставува Северна Кореја, којашто исто така е под притисок поради своите нуклеарни амбиции.

Во своето писмо до претседателот на американскиот Претставнички дом, Пол Рајан, Тилерсон навел дека Иран ги извршува своите обврски во согласност од договорот од 2015 година во Виена, но дека постои загриженост во врска со иранската улога во давањето на „поддршка на тероризмот“.

Сеопфатната политика кон Иран бара решавање на сите закани коишто ги претставува Иран, а очигледно ги има многу“, изјавил Тилерсон пред новинарите во Стејт департментот. Додал дека споменатиот договор меѓу Техеран и шесте светски сили, „не ја остварил целта Иран да не стане нуклеарна сила, како и дека Техеран само ја одложува својата цел тоа да стане“.

Иран сé уште не ја коментираше ревизијата на политиката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, меѓутоа врховниот ирански водач ајатолахот Али Хамнеи ланскиот ноември предупреди дека Техеран ќе возврати доколку САД го прекршат нуклеарниот договор.

Тилерсон додал дека грешка во составувњето на договрот од Виена било тоа што се пренабрегнати сите други сериозни закани коишто ги претставува Иран, надвор од својата нуклеарна програма.

Оттаму Иран мораме да го следиме на сеопфатен начин во контекстот на заканите кои ги претставува во сите области во регионот и светот. Овој договор претставува исто пристап со недостатоци од минатото што нé доведе до заканите коишто ги претставува Северна Кореја“, изјавил Тилерсон.

Нуклеарниот договор, за кој се преговараше и беше склучен во времето на претходниот американски демократски претседател Барак Обама, ја ограничи иранската нуклеарна програма во замен за прекинувањето на децениските економските санкции наметнати на Иран.

Новиот тест за односот на републиканскиот претседател Трамп чиишто сопартијци своевремено се противеа на нуклеарниот договор, се очекува во мај кога ќе мора да одлучи дали ќе го продолжи укинувањето на санкциите против Иран што го потпиша Обама. Во текот на претседателската кампања Трамп дооворот го нареле „најлошиот некогаш постигнат оговор“, и порача дека ќе го ревидира штом ќе стапи на должноста.