Тилерсон изјави дека САД ја преземаат „целата одговорност“ за истекувањето на информациите

Соединетите држави ја преземаат целата одговорност за истекувањето на податоците од истрагата не британската полиција за нападот во Манчестер од понеделникот ноќта во кој беа убиени 22 луѓе, изјави во петокот американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

На прес-конференцијата одржана заедно со британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека „срцата на американските граѓани се скршени“ поради вестите за нападот на концертот на американската поп пејачка Аријана Гранде во британски
Манчестер.

Британската полиција во средата објави дека ја прекинува размената на доверливите информации од истрагата за нападот со колегите од САД, откако во американските медиуми во повеќе наврати се појавија информации од поединости од полициската истрага.

„Ја преземаме целосната одговорност за тоа и многу жалиме зашто дојде до тоа. Го осудуваме неумесното објавување на информациите“, изјави Тилерсон додавајќи дека очекува тесна соработка меѓу САД и Велика Британија за да се сопре евентуалното истекување на информациите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.