Тилерсон на Блискиот исток сака да го спречи „негативното“ влијание на Иран

Американскиот државен секретар Рекс Тилеросн во неделата во текот на посетата на Саудиска Арабија побара од Ирак да си заминат „иранските милиции“ бидејќи борбата против екстремната сунитска групација Исламска држава во оваа доминантно шиитска земја е при крајот, а истовремено неговиот претседател Доналд Трамп изјави дека не се противи на трговијата на европските партнери со Иран.

„Независен и силен Ирак ќе овозможи на некој начин спротиставување на негативните влијанија на Иран. Иранските милиции кои се во Ирак, сега кога борбата против Исламската држава се ближи кон крајот, треба да се вратат дома, сите странски борци треба да е вратат дома и да му овозможат на ирачкиот народ да ја преземе контролата над подрачјата кои ги освои од Исламската држава и кои сега се ослободени, да му овозможи на ирачкиот народ да изгради живот со помош на своите соседи“, изјави американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во саудиската престолнина Ријад од каде што ја започна својата блискоисточна турнеја.

Саудиска Арабија и Ирак во неделата по инсистирање и со покровителство на САД го формираа Советот за соработка, јакнејќи ги своите дипломатски врски во американските настојувања да се спротестават на зголеменото влијание на Иран во регионот . Саудискиот крал Салман и ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади копретседаваа во Ријад со инаугурацискиот состанок на заедничкиот совет во присуство на Рекс Тилерсон.

Последните месеци дојде до подобрување на односите меѓу Ријад и Багдад по децениските тензии, бидејќи претежно шиитскиот Ирак ја обвинуваше саудиската монархија којашто го практицира ригидниот вехабистички облик на сунитскиот ислам за поддршка на сунитските бунтовници на негова територија. Ирак поради шиитското мнозинство историски има тесни врски со Иран. Големите историски регионални ривали сунитската монархија Саудиска Арабија и шиитската исламска република Иран, минаа период на жестока дипломатска криза, откако Ријад погуби влијателен шиитски проповедник во регион од земјата кој е населен со шиити, што предизвика демолирање на саудиските дипломатски претставништва во Иран.

„Нѐ охрабрува да видиме дека Саудиска Арабија и Ирак направија чекори во билатералните односи“, изјави Тилерсон., пренесува Reuters.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф остро реагираше на американското мешање во работата на советот меѓу Саудиска Арабија и Ирак.,

„За жал, владата на американскиот претседател Доналд Трамп не сала да извлече поуки од своите сопствени грешки и да скршне од својот противирански пат. Без Иран, дене Исламската држава би владеела во Дамаск, Багдад и Ербил“, порача Зариф, пренесе иранската новинска агенција INSA.

По Ријад, Тилерсон отпатува во Катарза да се обиде да влијае врз кризата која ја започна токму Вашингтон обвинувајќи ја оваа мала но богата монархија за наводна поддршка на тероризмот. Тоа придонесе во јуни годинава американските регионални сојузници Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет целосно да го блокираат Катар, кој географски сега е упатен поблиску да соработува со Иран и со Турција.

„Нема посилни сигнали дека страните се спремни на дијалог“, рече Тилерсон изминатата ноќ во Доха. Неговата турнеја следните денови ќе продолжи во Пакистан, Индија и Женева.

Истовремено американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата делка нема приговори на продолжувањето на трговската размена на Франција и Германија со Иран, иако тој самиот одбива да го потврди договорот за иранската нуклеарна програма.

„Им кажав да продолжат да заработуваат. Не се грижите. Тоа се пријатели. Вистински пријатели. Согласен сум со сите, со Емануел (Макрон, францускиот претседател) и со Ангела (Меркел, германската канцеларка)“, изјави Трамп во разговорот за телевизиската мрежаFox News.

Претходно во петокот, шефот на американската дипломатија, Рекс Тилерсон, изјави дека администрацијата на САД нема да се обиде да ја блокира трговијата меѓу ЕУ и Иран.

Американскиот претседател на 13-ти октомври одби да го потврди договорот на шесте светски сили за иранската нуклеарна програма. Европската унија, пак, и неколку други земји се залагаат за зачувување на договорот и сметаат дека овој историски компромис е важен за убедувањето на Северна Кореја дека треба и таа да преговара за својата нуклеарна програма.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.