Тилерсон смета дека односите со Русија не биле никогаш полоши, работи на нивното подобрување

© EPA/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави во вторникот дека односите меѓу САД и Русија не биле никогаш полоши и дека американската влада работи на нивното подобрување, како и дека Куба треба да се ангажира на подобрувањето на човековите права, доколку сака подобар однос со Вашингтон.

Шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон на сослушувањето во Конгресот во врска со санкциите против Русија кои оваа седмица ги разгледува американскиот Сенат, изјави дека САД имаат низа тешки отворени прашања со Москва, дека односот меѓу двете земји „никогаш не бил полош“ и „натаму се влошува“, како и дека целта на сегашната администрација во Вашингтон е „тоа да се стабилизира“.

„Особено работиме на неколку области да видиме дали постојат можности за воспоставување некаков вид функционален однос со руската влада кој е во наше интерес. Тоа особено се однесува на Сирија“, истакна Тилерсон.

Сослушувањето на Тилерсон во Конгресот се одвиваше додека Сенатот разгледуваше пакет санкции против Русија поради наводното нејзино мешање во американските претседателски избори во 2016 година, како и поради нејзините „агресии“ во други делови од светот, „вклучително во Сирија и во Украина“.

Тилерисон вторникот се осврна особено на кубанската влада, истакнувајќи дека оваа карипска земја „мора да почне да ги решава прашањата околу човековите права“, доколку сака САД да ја задржат насоката на нореметрмализација на односите со Хавана започнати во времето на поранешниот претседател Барак Обама.

Тилерсон ова го изјави неколку дена во пресрет на најавеното објавување на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за промената на политиката кон Куба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.