Тилерсон тврди дека Трамп самиот ја донел одлуката за преговори со Пјонгјанг

Американскиот претседател Доналд Трамп самиот ја донесе одлуката да одржи преговори со севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун, изјави во петокот американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, додавајќи дека ќе бидат потребни „неколку седмици“ преговорите да бидат подготвени.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека е подготвен да се сретне со севернокорескиот челник Ким Џонг-ун, што би била нивната прва средба „тет-а-тет“ и потенцијално голем пресврт во нуклеарните тензии меѓу Вашингтон и Пјонгјанг. Ким се обврза на „денуклеаризација“ и прекинување на нуклеарните и ракетните тестирања, изјави јужнокорејскиот функционер надлежен за националната безбедност, што го потврди и Белата куќа.

„Тоа е одлука којашто претседателот самиот ја донесе. Разговарав со нив рано утрото за одлуката и имавме многу добар раговор… Претседателот Трамп веќе извесно време зборуваше дека е отворен за разговори и подготвен за средба со Ким кога ќе се создадат вистински улови. И мислам дека според процената на претседателот сега е времето“, изјавил Тилерсон за новинарите кои го следат на неговата посета на африканската држава Џибути.

Американскиот државен секретар рекол дека е изненаден од благонаклонетоста на Ким во рзаговорите со јужнокорејската делегаицја одржана претодно оваа седмица. Тилерсон додал дека тоа досега е најсилната индикацја дека „Ким не само што има намера туку и навистина сака разговори“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.