Тилевски: Силна грижа за културата, изградба на градска куќа и музеј на Охридско Езеро

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Митко Тилевски денес ја честита педесет годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Нејзината грижа, нашиот народ го зачувал и јазикот и името и душата, се зачувал себе си. Тоа е благоносно и спасоносно.

Охрид – лулка на културните цивилазации, ризница од традиционални, историски и религиски вредности. Уникатните вредности во градот ни даваат насока и обврска за културен учинок во секоја активност која ја цениме како промотор на Охрид, почитување на неговите вредности и зачувување на градските ликови и нивните дела. Посветено работиме на градење и поттикнување на културата како темелна вредност на Охрид. Но, не застануваме тука. Охридската култура е дел од македонскиот идентитет, македонската култура не издвојува, но и не соединува со светот. За колепката на културата во нашата реална програма обврска ни е презентација на културните добра и развој на културниот туризам преку: обележување на културните историски и археолошки локалитети со легенда и означување на локациите во стар град каде се напишани староградските песни со кратка легенда и текст на песната, истакна Тилевски.
Тој потенцира дека Охрид е мозаик од култури и затоа грижата за наследните вредности ќе биде еден од неговите приоритети. Тој најави:
– Организација на христијанските празници Богојавление-Водици и Св. Василиј – Василица,
– Божиќната литија, настанот „Сите кон Св. Климент“ и Свечена градска академија,
– Организација на Ифтарска вечера за припадниците од муслиманската вероисповед,
– Поддршка на фестивалот на Египќани.
– Завршување на фрескоживописот во црквите „Св. Климент“ и „Св. Пантелејмон“ – комплекс Плаошник.
– Конзервација на фрескоживописот на црквите „Св. Софија“, „Св. Никола Болнички“ и „Св. Богородица Болничка“.
-Големиот број настани и промоции кои го позиционираат Охрид во редот на развиени културни средини се белегот на иднината: фестивалот Охридско лето, Балкански фестивал на народни песни и ора, Охридски хорски фестифал, Француски филмски фестивал, Охрид фест, Канео фест, Прличеви беседи, Поетска ноќ во Велестово и уште многи други. Почитувани во нашата Визија за Охрид и посветла иднина се што имаме зацртано како цел е реално и остварливо. Ние секогаш сме биле искрени и сме ја зборувале вистината. Затоа сакам да потенцирам: се надевам дека ќе пронајдеме стратешки партнер во името на Владата за реализација на два проекта од исклучително значење како нови атракции за градот Охрид. Изградба на охридска градска куќа- Долни Сарај и изградба на музеј на Охридско езеро, најави тој.
Порача дека охриѓани се достојни да добијат современи објекти.