Тим експерти откри мошне интересен факт за бракот

Тим експерти откри мошне интересен факт за бракот. Имено, според резултатите од истражувањето на припадниците на посилниот пол естетскиот момент им е мошне важен и тие остануваат подолго во брачните води доколку покрај себе имаат убава партнерка, затоа што се посреќни.

За мажите убавината е пресудна за успешен брак, покажува најновото американско истражување. Тимот експерти на чело со психологот Андреа Мелкер открил дека на припадниците на посилниот пол естетскиот момент им е мошне важен и дека тие остануваат подолго во брачните води доколку покрај себе имаат убава партнерка, затоа што се посреќни.

Истражувањето траело четири години и е направено во соработка со 450 двојки, кои пред почетокот на експериментот ја оцениле убавината на сопружниците. Резултатите покажале дека машите биле задоволни и на почетокот и на крајот од истражувањето само во случаите кога жената била оценета како атрактивна. Од друга страна, изгледот на мажите не влијаел врз задоволството на жените, туку нивната интелегенција и тоа какви се „одвнатре“.

Андреа застана во одбрана на припадниците на посилниот пол, нагласувајќи дека истражувањето не покажало дека тие се површни, туку дека едноставно повеќе ги ценат партнерките што изгледаат убаво.