Тим го запре Надал во Мадрид и го врати Федерер на врвот од АТП листата

Австрискиот тенисер Доминик Тим направи сензација откако во четврт-финалето на Мастерс турнирот во Мадрид со 2:0,( 7:5, 6:3) го победи првиот тенисер во светот, Рафаел Надал ,бранителот на трофејот. По поразот Надал го изгуби првото место на АТП ранг-листа, па на тронот од понеделник пак ќе биде Швајцарецот Роџер Федерер.

Брилијантниот Австриец, исто така, ја прекина рекордната серија на Надал од 50 последователни победнички сетови на терени на земја, која ја започна во Ролан Гарос минатата година, откако исто така во четврт-финалето на турнирот во Рим изгуби од Тим.

Претходниот рекорд од последователни победнички 49 сета беше поставен од Американецот Џон Мекинро во 1984 година.

Австриецот во полуфиналето ќе се сретне со Кевин Андерсон од Јужна Африка, кој претходно го победи Србинот Душан Лајовиќ со 2:1, (7:6 (3), 3:6, 6:3).