Тим на ММФ во посета на Македонија

Тим на Меѓународниот монетарен фонд, од денеска и во следниве две недели е во посета на  Македонија.

Започнуваат разговорите за извршување на „пост-програмскиот мониторинг“ за оваа година, а ќе се  анализираат  економските параметри за надворешната одржливост на земјата, и можноста  навреме да ги сервисира  обврските.

По двонеделните разговори ќе се изготвува и извештај што ќе се поднесе до ММФ.