Тим на светски познатата компанија ТАФЕ ќе ја посети Македонија

Македонската владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски ја продолжува својата економска посета на Република Индија, на градот Џајпур кој е воедно главен град на најголемата индиска држава Раџастан.

Инаку Раџастан има популација од 68.5 милиони жители и е по површина најголемата индиска држава. Бруто домашниот производ на оваа држава е со раст од високи 11.86% споредено со мината година. Главно е развиена цементната и минерална индустрија, текстилната индустрија, туризмот и земјоделското производство.

Престојот во Индија се искористи македонската делегација да оствари интензивни контакти со значајни индиски компании.

-Индија е една од најбрзо растечките економии во светот и целта на ова патување беше пред индиските компании да ги презентираме можностите за водење на бизнис во Македонија, како и поволната бизнис клима во државата. На индиските компании им понудивме преку Македонија пристап до регионалниот и европски пазар. За нас ова е огромна можност со цел отворање на што поголем број на фабрики и да се вработат повеќе луѓе, но и да се зголеми бројот на инвестиции, изјави заменик министерот за економија Христијан Делев, кој е дел од владината делегација.

delev

Тој посочи дека процесот на привлекување и лобирање на инвестиции продолжува преку активни разговори со неколку индиски компании со кои веќе беше остварено средба.

-Во контекст на тоа имавме повеќе состаноци со  повеже водечки компании овде во Индија, меѓу кој со еден од најголемите производители на трактори во светот Тафе, со кој преговорите односно разговорите продолжуваат и веќе имаме најавено посета од нивна страна, формирање на тим кој треба да ги испита сите можности во Република Македонија и можноста за производство на трактори во Македонија за европскиот пазар. Од нивна страна е најавен цел тим за правење на длабинска анализа и ние понатаму продолжуваме со разговорите со оваа компанија, изјави Делев.

Инаку Тафе груп е третиот најголем во светот производител на трактори со годишен обрт од 2.5 милијарди долари.

-На средбите со компаниите беа презентирани неколку фактори значајни за индиските компании од аспект на користење на земја каде ќе се отворат нови производствени капацитети и тие производи да се пласираат на европскиот пазар што е можност да се стигне до 650 милиони потрошувачи, и воедно и фактот што пред извесно време се потпиша договорот за одбегнување на двојно оданочување помеѓу Република Македонија и Република Индија што овозможува двоен ефект како за индиските компании што е олеснителна можност да отворат свои производствени погони во Република Македонија но тоа е и можност за македонските компании да остварат извоз во Индија што е доста голем пазар и добра можноист за остварување на бизнис” изјави Шекероски. Тој додаде дека Македонија успеа да го привлече вниманието пред се со својата посветеност, активно лобирање и промоција на поволностите што ги нуди на инвеститорите. Главната цел е отворање на нови работни места и остварување на развој на економијата, изјави Заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекероски за процесот на привлекување на инвестиции и остварување на контакти со индиските компании.

kliment

Инаку во организација на владата на Раџастан, во градот Џајпур се одржува самитот Партнерство 2015 , на кој свое учество ќе земат македонската владина делегација, а свое воведно обраќање ќе има претседателот на владата на Република Македонија Никола Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.