четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Тим руски специјалци пристигнуваат во Анкара

Тим од претставници на руските специјални агенции, руската Истражната комисија и министерството за надворешни работи отпатуваа во Турција по убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов во понеделникот вечер на изложба во Анкара.

анкара

Поврзани вести

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска соопшти дека во Турција отпатувал тим од 18 истражувачи, а според турскиот министер Мевлут Чавушоглу изјавил дека турските и руските експерти ќе работат заедно на откривање на деталите за оој случај и дека соработката на двете земји во врска со политичкото решение на сирискиот конфликт ќе продолжи.

Песков додал дека убиството на рускиот амбасадор во Анкара е насочено да ги дестабилизира односите меѓу двете земји и оценил дека тоа никој нема да го дозволи, пренесува Радио Слободна Европа. Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров изјавил дека Русија и е благодарна на Турција за брзата реакција по убиството и дека смртта на Карлов уште повеќе ја истакнала потребата за дијалог помеѓу Москва и Анкара.

Најчитани вести