Тимерман: Околу 60 отсто од барателите на азил се економски мигранти

Мнозинството лица што доаѓаат во Европа од Средниот Исток и Африка се економски мигранти кои го користат барањето за азил како изговор, според висок претставник на ЕУ. ЕУ би можела повторно да воведе внатрешна гранична контрола ако кризата не се реши во следните два месеци, пишува „Раша Тудеј“.

Повеќе од половината луѓе што доаѓаат во Европа доаѓаат од земји од каде би можело да се рече дека немаат причина за да бараат статус на бегалци… Повеќе од половината, 60 отсто, вели Франс Тимерман, потпретседател на Европската Комисија, кој го цитира она што, како што вели, се новите, необјавени податоци од Фронтекс.

Во разговор за националната холандска телевизија НОС во вторникот, тој додаде дека овие лажни бегалци воглавно се државјани на Мароко и Тунис кои што се во потрага по подобри економски можности и се инфилтрираат во Европа преку турските гранични премини.

Тимерман побара европските земји да ги забрзаат процедурите за депортација за оние што се преправаат дека се жртви на војна или прогон.

На овој начин, Европа ќе биде во можност да им пружа поддршка на оние на кои им е потребна заштита, вели тој.

Од минатата година Германија…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.