Тимерман: Околу 60 отсто од барателите на азил се економски мигранти

Од минатата година Германија, Австрија, Франција, Шведска, Данска и Норвешка повторно воведоа гранични контроли во период од шест месеци со цел да се намали приливот на баратели на азил. Во понеделникот, ЕК изјави дека може да се прошират моменталните гранични проверки и во следните две години што може да биде овозможено само доколку се утврди дека
Шенген зоната е загрозена.

migranti-rt

Во јануари, Данска воведе контрола на границата со Германија откако претходно Шведска ја воведе истата мерка на нејзините граници со Данска.

Минатата година, Унгарија крена ограда на границата со Србија и Хрватска со цел да се намали приливот на мигранти. Минатата недела премиерот на Унгарија Виктор Орбан побара да бидат кренати огради на македонската и бугарската граница со Грција.

Примерот на Унгарија го следеа и Австрија и  Словенија, а најава за изградба на ограда даде и Словенија.

Претседателот на ЕК Доналд Туск предупреди дека Европа има „само два месеци да ги стави нештата под контрола“. Ако не успее да се справи со мигрантската криза пред самитот на ЕУ во март, ЕУ би можела да се „соочи со големи последици, како што е колапсот на Шенген зоната“.

Нема докази дека воведувањето на гранични контроли ќе помогне во олеснување на ситуацијата во смисла на намалување на бројот на бегалци, вели Тимерман за НОС.

Тој вели дека тоа ќе биде „голем ризик“ што може да резултира со „огромни економски последици“ и нема да резултира со позитивен исход.