Македонија

Тимоние: Законот за јазици не е дел од европската агенда

Тимоние: Законот за јазици не е дел од европската агенда

Македонија има други реформски приоритети, Законот за јазици не е еден од нив, тој не е дел од европската агенда, порача денеска францускиот амбасадор Кристијан Тимоние за 24 Вести.

„Не беше пожелно да му стави европска етикета на Законот за јазици“, изјави амбасадорт на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.

Амбасадорот одговарајќи на новинарско прашање за блокирањето на Собранието со над 35 илјади амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за овој закон, рече дека тој не бил почнат на најсоодветен начин.

„Собранието не функционира така како што треба“, рече Тимоние. „Законот не беше приоритетен за Европската Унија“, додаде амбасадорот.

Tој се повика на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан. Според него Албанските партии се легитимни и посакуваат ова прашање да биде решено.

Амбасадорот се повика на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој рече дека за овој закон чекале 150 години и ќе почекаат уште малку.

„Треба да се најде инспирација во неговата мудрост“, изјави амбасадорот на Франција. Тимоние, потенцираше дека многу поважно е земјата да го убеди Брисел дека македонската демократија е функционална. Амбасадорот изјави дека е изненаден од леснотијата со која им бил симнат имунитетот на пратениците во Собранието. „Не е најважен притворот, туку конечната пресуда“, вели амбасадорот.