Тимошенко: Ако Русија го анектира Крим, ќе избие герилска војна

Поранешната премиерка на Украина истакна дека приклучувањето на Крим кон Русија ќе значи нова војна.

Во интервју за Ројтерс, Јулија Тимошенко го повика светот да ја санкционира Русија поради вмешувањето во ситуацијата со Крим.

Лидерот на партија „Татковина“ предвиде дека ќе дојде до герилска војна доколку Русија се обиде да го анектира Крим.

„Непосредна последица е герилска војна.Крим ќе биде жариште на војната. Ако Путин одлучи да користи воено оружје на Крим тогаш каде е крајот? Која земја е следна? Никогаш нема да бидеме во состојба да ја стабилизираме ситуацијата во Украина и во регионот ако токму тука почне војна“, истакнала Тимошенко.

Според неа, потребно е САД и ЕУ да ја контролираат Русија и финанскки и воено.