Тимошенко ќе се кандидира за претседател на Украина

Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко објави кандидатурата за претседателските избори што ќе се одржат на 25 мај 2014 година, пренесе „Интерфакс“.

„Имам намера да се кандидирам за функцијата претседател“, изјави Тимошенко на прес-конференција во Киев.

Таа додаде дека на конгресот на партијата „Баткивиштина“ на 29 март ќе побара од членките на формацијата да ја поддржат нејзината кандидатура.